"We deliever trust"


“We deliever trust” е нашето мото кое го посветуваме на нашите сегашни и идни клиенти и купувачи, нашите партнери, вработени и пријатели чија поддршка во текот на сите овие 30 години беше клучна за нашето постоење и достигнување.

Услуги

“Наша цел е исполнување на растечките потреби на нашите сегашни и идни клиенти, достигнување на перфекција во областа на транспортните услуги, трговијата и услугите на пералната.”

Агро-Кавкомерц

Агро-Кавкомерц е наша компанија која го обележува нашето продолжено дејствување на пазарот со производство на високосортни вински и трпезни видови на грозје.  Од 120 хектари обработлива површина со локалитет во тиквешкиот регион 100 хектари се моментално под интензивно производство на винско и трпезно грозје, житарици и бадеми, кои се обработуваат со употреба на најсовремени методи и механизација за подобрување на квалитетот на крајниот производ.

Play Video
Нашиот развој
Slide
Нашите почетоци во 1990 година.
Slide
Нашите транспортни услуги денес.
Нашата приказна

Најдобрите транспортни услуги од 1990

КАВ-КОМЕРЦ е основана 1990 г. во Кавадарци од г-дин Петар Темов како семеен бизнис, чија основна дејност е трговија со свежо овошје и зеленчук.

Покрај трговијата секторот за транспорт со ладилници паралелно напредува, охрабрен и поттикнат од потенцијалот на пазарот со што бројот на возила константно се зголемува.

Од април 2020 г. комапнијата инвестиционо се проширува и веќе со полн интензитет работи и перална за товарни возила и автобуси и хемиско чистење на истите со Jet stream технологија која поддржува долно перње, со капацитет на перење од 35 возила дневно.

Доверба

Нашето мото, сила и одлучност!

Квалитет

Суштинска основа за нашиот успех!

Блескавост & сјај

Чистотата е стил на движење!

Перална

Препуштете се на професионалци и
добијте чисто и блескаво возило!

Play Video


Вашето возило заслужува најдобра нега, блескавост и сјај!

За нас

Нашата визија,
мотив и мисија

Нашата визија е да им обезбедиме на сите наши клиенти здравје, изобилство и свежина со доставување на извонреден квалитет на нашиот асортиман. Ние се трудиме да ја препознаеме нивната потреба, пред таа да се роди и да им одговориме пред тие да побараат. Нашата мисија е да развиеме блискост и доверба преку решенија фокусирани на вкусовите на клиентите во нашето секојдневно дејствување на пазарот. Ние доставуваме доверба спакувана во вкус на свежо овошје и зеленчук.
г-дин Борче Боев - комерцијален директор
Пред 32 години верувавме во сосема поинакви идеи. Меѓутоа развојот на пазарите и технологијата, не понесе на пат преполн предизвици, нови идеи, нови инвестиции и успеси. Горд сум што нашите вработени се мотивирани и желни за отварање на нови хоризонти. Спојувајќи го искуството со младоста и функционирајќи како едно големо семејство, создадовме непобитна енергија, доверба и страст кон професијата. Верувам дека заложувањата во секој сегмент, се оправдани, затоа што успеавме да ги задржиме основните постулати, доследноста и доверливоста. Тие основи на услугите што ви ги обезбедуваме, а секоја успешна врска се заснова на доверба.
г-дин Петар Темов- сопственик
Според мене, да се биде постојан, сигурен и финансиски одржлив е многу тешка секојдневна задача, што води кон стабилна и добро организирана компанија во долгорочни цели. Се обидуваме да бидеме во тек со новите домашни и странски правила и совети за финансиско водење и на тој начин да обезбедиме стабилност на нашиот раст и да ги обезбедиме нашите партнери и вработени. Индикацијата на интензивен маркетинг ни помогна да ја зголемиме информираноста и користењето на новите услуги на нашата компанија
Г-ѓа Богданка Боева - финансиски директор
Јазик