KAV -KOMERC

КАВ-КОМЕРЦ е основана 1990 г. во Кавадарци од г-дин Петар Темов како семеен бизнис, чија основна дејност е трговија со свежо овошје и зеленчук.

Покрај трговијата секторот за транспорт со ладилници паралелно напредува, охрабрен и поттикнат од потенцијалот на пазарот со што бројот на возила константно се зголемува.

Од април 2020 г. комапнијата инвестиционо се проширува и веќе со полн интензитет работи и перална за товарни возила и автобуси и хемиско чистење на истите со Jet stream технологија која поддржува долно перње, со капацитет на перење од 35 возила дневно.

Ниту еден чекор понатаму не би бил можен без целосна посветеност, слушање и напор вложен во создавање сообразност, пријателство и професионализам со нашите партнери, клиенти и вработени. Одговорноста и доверливоста како постулати за директните активности на компанијата, ја доведоа меѓу 10-те најдобри средни компании во земјата од 2017 година според Стопанска Комора на Македонија.

Нашиот тим

Петар Темов
Сопственик
"Пред 32 години верувавме во сосема поинакви идеи. Меѓутоа развојот на пазарите и технологијата, не понесе на пат преполн предизвици, нови идеи, нови инвестиции и успеси. Горд сум што нашите вработени се мотивирани и желни за отварање на нови хоризонти. Спојувајќи го искуството со младоста и функционирајќи како едно големо семејство, создадовме непобитна енергија, доверба и страст кон професијата. Верувам дека заложувањата во секој сегмент, се оправдани, затоа што успеавме да ги задржиме основните постулати, доследноста и доверливоста. Тие основи на услугите што ви ги обезбедуваме, а секоја успешна врска се заснова на доверба."
Трајанка Темова
Сопственик
"Ние започнавме како семеен бизнис, некогаш ова денес за нас беше идеја, сон, цел. Гледајќи ја борбеноста и жарот на нашите помлади вработени, верувам дека подмладокот уште подобро ќе ја продолжи нашата работа и дека нашата жртва не била залудна."
Борче Боев
Комерцијален директор
"Нашата визија е да им обезбедиме на сите наши клиенти здравје, изобилство и свежина со доставување на извонреден квалитет на нашиот асортиман. Ние се трудиме да ја препознаеме нивната потреба, пред таа да се роди и да им одговориме пред тие да побараат. Нашата мисија е да развиеме блискост и доверба преку решенија фокусирани на вкусовите на клиентите во нашето секојдневно дејствување на пазарот. Ние доставуваме доверба спакувана во вкус на свежо овошје и зеленчук. "
Богданка Боева
Финансиски директор
"Според мене, да се биде постојан, сигурен и финансиски одржлив е многу тешка секојдневна задача, што води кон стабилна и добро организирана компанија во долгорочни цели. Се обидуваме да бидеме во тек со новите домашни и странски правила и совети за финансиско водење и на тој начин да обезбедиме стабилност на нашиот раст и да ги обезбедиме нашите партнери и вработени. Индикацијата на интензивен маркетинг ни помогна да ја зголемиме информираноста и користењето на новите услуги на нашата компанија."
Васко Темов
Комерцијален директор
"Синергијата на тимот е правопропорционална со напредокот на истиот. Постојаното усовршување во сите гранки на нашата компанија е резултат на неприсилено лидерство, идеи и многу заеднички труд. Кога хиерархијата ќе се постави во хоризонтала, изненадувачки е колку Вашиот тим може да Ве охрабри."
Тања Темов
Менаџер за транспорт
"Многу голем беше предизвикот да се поставиш во работењето на професионално и приватно поле истовремено. Сметам дека одбирајќи ги луѓето кои сакаш да работат со тебе, а не за тебе е правилниот избор кој води до создавање на тим кој нижи успеси. "
Јована Коцева
Транспорт и маркетинг менаџер
"Јас би нè нареклa освојувачи, на нови пазари, нови правила, нови предизвици. Ако имате идеја, многу е полесно да ја реализирате ако работите во тим што ја поддржува. Сепак, транспортот е бескраен пат на шанси и нашата работа е да ги користиме на најдобар можен начин. "
Блаже Стојановски
Менаџер за трговија
"Даваме се од себе да го избереме најдоброто од понудата на пазарот и да им пружиме задоволство на нашите клиенти да уживаат во оригиналниот вкус на нашите производи. Сепак, овој процес воопшто не е едноставен, но со извонреден организациски систем кој функционира во тимот, ние секојдневно ги исполнуваме нашите цели."
Оливер Стојановски
Менаџер за трговија, КАВ-КОМЕРЦ Белград
"Во оваа индустрија научив дека секој ден, со секоја продадена палета овошје или зеленчук, се бориме против индустријата за брза храна, обесноста и другите здравствени проблеми. Со промовирање на македонски производи, ние промовираме здрава храна со висока хранлива вредност и ја поддржуваме изреката „колку е пошарена храната, толку е поздраво телото. "
Васо Петров
Професионален возач наградуван од IRU
"Со моето 27-годишно искуство како професионален возач на товарно возило во КАВ-КОМЕРЦ, можам гордо да кажам дека и покрај препреките кои секоја година се поголеми, за нас е повеќе од предизвик да го продолжиме и зајакнеме професионализмот со кој започнавме пред 3 децении. "
Јазик