thumbnail_white-cabbage
thumbnail_FB_IMG_1644666348531
EW.CoolAsACucumber.CucumberSlices.FI_
thumbnail_istockphoto-171589415-612x612
thumbnail_pexels-photo-1937743
272343509_482014626932574_3975993270239215194_n
previous arrow
next arrow

Трговија и откуп

Континуираниот стремеж за напредок и проширување на асортиманот на овошје и зеленчук, резултира со инвестиции во инфраструктурата за задржување и подобрување на квалитетот на производите.  Денес се во полна функција 5 ладилници кои се простираат на 2000м2 со капацитет за складирање од 8000м3 или 2.500.000 кг.

Нашата цел е да го обогатиме пазарот со врвен квалитет а преку тоа и да придонесеме за подигнување на свеста за важноста на здравата исхрана.

Во 2017г. КАВ-КОМЕРЦ е прогласен за најголем извозник на трпезно грозје од Македонија.

Нашите контролори за квалитет ги одбираат најдобрите сезонски јаболка, најчесто од југо-западниот регион близу Преспа. Во овој регион, производството на јаболка е активно на отприлика 3500 хектари, што го прави најконцентриран за приозводство на јаболка не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Преспа ја внесува Македонија меѓу првите 20 земји во светот по просечно производство на јаболка по жител.

Во нашиот спектар на производи, нудиме јаболка со врвен квалитет од Јануари до Април и од Октомври до Декември. Уживајте во специфичниот, богат, слатко-кисел вкус на златен делишес, јонаголд, мутсу или ајда ред.

Потекло

Преспански регион

Видови

Златен делишес, Јонаголд, Мутсу, Ајда ред

Пакување

Дрвена гајба

Почнувајќи од крајот на Ноември до средина на март, нашиот тим стациониран во Грција и Турција се грижи за збогатување на палетата на производи со екстра-квалитетни цитрусни овошја. Богати со витамин Ц , Д-лимонен и хеспиридин овие производи се неопходна нутритивна храна за зимскиот период.

Потекло

Јужна Грција

Видови

Навел, Навелина

Пакување

Картонска кутија, 10кг

Калибража

3, 4, 5

Почнувајќи од крајот на Ноември до средина на март, нашиот тим стациониран во Грција и Турција се грижи за збогатување на палетата на производи со екстра-квалитетни цитрусни овошја. Богати со витамин Ц , Д-лимонен и хеспиридин овие производи се неопходна нутритивна храна за зимскиот период.

Потекло

Северна Грција

Видови

Клементина

Пакување

Картонска кутија, 8 – 9кг

Калибража

0, 1, 2

Почнувајќи од крајот на Ноември до средина на март, нашиот тим стациониран во Грција и Турција се грижи за збогатување на палетата на производи со екстра-квалитетни цитрусни овошја. Богати со витамин Ц , Д-лимонен и хеспиридин овие производи се неопходна нутритивна храна за зимскиот период.

Потекло

Турција

Видови

Ентердонат

Пакување

Картонска кутија, 10кг

Калибража

4, 5, 6

Официјално, КАВ-КОМЕРЦ е најголемиот извозник на трпезно грозје во Македонија со 3,5 милиони тони годишно. Иако во текот на целата година, нашите експерти грижливо работат на лозовите насади, за да се добие високо-квалитетно трпезно грозје, кога се работи за откуп и складирање, нашата компанија се вбројува меѓу првите на Балканот според квалитетот на производство како и користење на најсофистицирани технологии за разладување и одржување на примарниот есенцијален квалитет на грозјето како при самата берба.

Ние сме тука да им доставиме на нашите клиенти скоро во текот на целата година свежо и вкусно грозје.

Потекло

Тиквешки регион

Видови

Бело

Црно

Викторија

Афус Али

Мускат

Молдавија

Мишел Палиери

Рибиер

Пакување

Дрвена гајба

Повеќе од 30 години, на нашите клиенти им ги нудиме најквалитетните зелки од југо-источна Македонија. Почнувајќи од декември до мај, зелките се активен зеленчук во нашиот спекар на производи. Поради големата побарувачка, нашата компанија оформи специјализиран тим кој сензонски ја подготвува понудата на свежа, вкусна, здрава зелка.

Потекло

Југо-источна Македонија

Видови

Рентон

Стантон

Сталион

Паднион

Парел

Пакување

Пластични/дрвени гајби

8-12 парчиња

Фолија

8-10 парчиња

Калибража

0,8кг-2кг

Преку пролетта и раните летни денови Ви нудиме чисто зеленчуково освежување. Набрани од најплодоносната земја од јужна Македонија, ние Ви носиме неколку видови на краставици и кромид кои се неизбежен дел од секоја пролетна салата. Брзиот, сигурен и експедитиве транспорт овозможува да ја вкусите првата берба на овие производи. Високиот број на сончеви денови им овозможува на краставиците и кромидот да достигнат голема нутритивна вредност, а да ја задржат внатрешната свежина, што посебно кај краставиците се случува темературна разлика од -20 степени со актуелната надворешна температура.

Потекло

Југо-источна Македонија

Вид

Понита, Бовинг

Алдобо

Доматите се најупотребуваните намирници во  исхраната. Ние ги имаме највкусните! Цела пролет до раните летни денови Ви нудиме розеви и црвени домати, специфични по својата боја, вкус и хранливи вредности. Неколку видови на домати, во различно пакување се грижливо одбрани во нашата понуда.

Потекло

Јужна Македонија

Видови

Атија

Вивија

Корвинус

Пакување

Картонска/дрвена гајба

8кг

Калибар

4, 200-250г/парче

Нашата визија, мотив и мисија

“Да се биде постојан и да се биде синоним за квалитет во овој бизнис, значи да се најдете во теснец меѓу предизвиците и времето кои дефинитивно се движат обратнопропорционално. Пласманот на високо-квалитетни производи, зад себе носи стабилни партнерски односи со локалните земјоделци, откупувачи, партнери и клиенти. Експериментирањето е дозволено само во проширувањето на асортиманот “.

г-дин Боев Борче

Комерцијален директор

Контакт за трговија со овошје и зеленчук:

Борче Боев

Комерцијален директор

Васко Темов

Комерцијален директор

Блаже Стојановски

Менаџер за трговија и откуп

Игор Маркушев

Менаџер за трговија и откуп

Јазик