KAV -KOMERC
КАВ-КОМЕРЦ е основана 1990 г. во Кавадарци од г-дин Петар Темов како семеен бизнис, чија основна дејност е трговија со свежо овошје и зеленчук.
Покрај трговијата секторот за транспорт со ладилници паралелно напредува, охрабрен и поттикнат од потенцијалот на пазарот со што бројот на возила константно се зголемува.
Од април 2020 г. комапнијата инвестиционо се проширува и веќе со полн интензитет работи и перална за товарни возила и автобуси и хемиско чистење на истите со Jet stream технологија која поддржува долно перње, со капацитет на перење од 35 возила дневно.
Ниту еден чекор понатаму не би бил можен без целосна посветеност, слушање и напор вложен во создавање сообразност, пријателство и професионализам со нашите партнери, клиенти и вработени. Одговорноста и доверливоста како постулати за директните активности на компанијата, ја доведоа меѓу 10-те најдобри средни компании во земјата од 2017 година според Стопанска Комора на Македонија.
Нашиот тим

Петар Темов
"Доследноста и доверливоста се основи на услугите што ви ги обезбедуваме, а секоја успешна врска се заснова на доверба"

Борче Боев
"Нашата визија е да им обезбедиме на сите наши клиенти здравје, изобилство и свежина со доставување на извонреден квалитет на нашиот асортиман. Ние се трудиме да ја препознаеме нивната потреба, пред таа да се роди и да им одговориме пред тие да побараат. Нашата мисија е да развиеме блискост и доверба преку решенија фокусирани на вкусовите на клиентите во нашето секојдневно дејствување на пазарот. Ние доставуваме доверба спакувана во вкус на свежо овошје и зеленчук "

Тања Темов

Васо Петров
"Со моето 27-годишно искуство како професионален возач на товарно возило во КАВ-КОМЕРЦ, можам гордо да кажам дека и покрај препреките кои секоја година се поголеми, за нас е повеќе од предизвик да го продолжиме и зајакнеме професионализмот со кој започнавме пред 3 децении "

Блаже Стојановски
"Даваме се од себе да го избереме најдоброто од понудата на пазарот и да им пружиме задоволство на нашите клиенти да уживаат во оригиналниот вкус на нашите производи. Сепак, овој процес воопшто не е едноставен, но со извонреден организациски систем кој функционира во тимот, ние секојдневно ги исполнуваме нашите цели"

Васко Темов

Богданка Боева
"Според мене, да се биде постојан, сигурен и финансиски одржлив е многу тешка секојдневна задача, што води кон стабилна и добро организирана компанија во долгорочни цели. Се обидуваме да бидеме во тек со новите домашни и странски правила и совети за финансиско водење и на тој начин да обезбедиме стабилност на нашиот раст и да ги обезбедиме нашите партнери и вработени. Индикацијата на интензивен маркетинг ни помогна да ја зголемиме информираноста и користењето на новите услуги на нашата компанија"

Оливер Стојановски
"Во оваа индустрија научив дека секој ден, со секоја продадена палета овошје или зеленчук, се бориме против индустријата за брза храна, обесноста и другите здравствени проблеми. Со промовирање на македонски производи, ние промовираме здрава храна со висока хранлива вредност и ја поддржуваме изреката „колку е пошарена храната, толку е поздраво телото "
